Изложбено пано по повод Св.Трифун    

По повод празникот Св.Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите, наши ученици организираа креативна активност за уредување на училишниот простор. Преку изработка на изложбено пано на тема: „Св.Трифун – традиција која нè обединува“, тие на сликовит начин ја претставија симболиката на овој ден.

На паното беа поставени фотографии од Св.Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите, содржина за неговото житие, текстови за значењето на празникот во нашата култура и традиционални мотиви како фотографии од лозови насади, грозје и кроење на лозјето.

Паното имаше и креативни пораки преку кои учениците нè потсетија дека трудот и работата се најголеми пријатели за успехот на човекот. Исто така, имаше поставено и рачно изработени цртежи и форми од хартија со различни техники.

Оваа активност не само што го разубави нашиот хол, туку им овозможи на учениците да се информираат и подобро да се запознаат со македонската традиција.

Ученици кои го изработија паното се Ангела Кочова и Лара Росоманска од III-4 клас, под менторство на Јасминка Ризова, стручен соработник – педагог и Богде Коцева, наставник по биологија.

Им благодариме на учениците за вложениот труд, тимската работа и нивниот талент.

„За многу години Св.Трифун!

Нека биде плодна годината, полна со здравје, среќа и успех.“