Во чест на Денот на македонскиот јазик и азбука, во соработка со Библиотека Феткин нашите гимназијалци се претставија во Националната универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски” со литературен перформанс под наслов ,,Слушни ја мојата приказна”.
Преку драматизација оживеавме безвременски книжевни класици: „Чичко Горио“, „Страданијата на младиот Вертер“, „Галебот Џонатан Ливингстон“, „Злосторство и казна“, „Странецот“, „Пиреј“, „Ана Каренина“, „Мадам Бовари“ и „Евгениј Онегин“.
Учениците ја споија моќта на зборот, емоцијата и сценската изведба – потсетувајќи не дека јазикот е наш идентитет, а литературата – мост меѓу срцата.


















