Креативни активности за Halloween

Учениците од трета година, по предметот англиски јазик, под менторство на професорката Александра Кароловска  активно се вклучија во традиционалното одбележување на католичкиот празник Halloween.  Преку низа креативни активности тие подготвија тематски украси со што ја разубавија училиштната атмосфера и внесоа празничен дух. Во рамки на активноста учениците ja покажаа својата имагинација и тимска работа. Настанот придонесе за развивање на креативност, комуникациски вештини и соработка меѓу учениците, како и за поттикнување на позитивна и весела училишна клима.