Мојот град


Објавено на: 08.09.2015

Тешки векови се судираат под нашите полиња,

судни маки, пролеани солзи, илјадници стравови.

Многу корење се пуштило, многу труд се вложило,

секое делче од нашето минато, само го цврсти темелот.

 

Низ горите и ширните падини на градот

ветрот се доловува како способен измамник.

Продира низ тајните калдрми, вее со својата милина,

шумоли тивко, а воедно гласно трепери во вистината.

 

Тука, овде, во нашето Кавадарци

срцето поразлично чука.

Утрото е бела мугра која ечи,

тој ек, тој блесок од милион светулки на нежност.

Секое парче од новото раѓање

е подвиг за уште едно зреење на успешен ден.

 

Кавадарци е поим за среќа.

Секоја градба, секој човек

што се доловува низ тајните одаи на кавдаречката чаршија,

се симболи на радост, што го темелат градот.

 

Тајната на совршеноста

се крие во виното и познатата тиквешка ракија.

Блокади кои кружат околу градот,

војници од илјадници гровчиња,

голем број лозници се дел од големите брикади.

 

Нема поубаво чувство од мигот

да се виде и да се открие свежината.

Животот е дар од бога,

а кавадарчани имаат поголема среќа од останатите,

дарувани се да живеат во свет,

свет од нежност, топлина и незаборавна љубов.

 

 Надица Туриманџова, I-4