На 21.02.2025 година во СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” се одржа Општински натпревар по хемија за учениците од основните и средни училишта. Се одржа општински натпревар по хемија
Натпреварот беше организиран од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, а се реализира со online тестирање на ClassMarker.
На натпреварот учествуваа 22 ученици од VIII и IX одделение од ОУ Гоце Делчев, ОУ Тоде Хаџи Тефов, ОУ Тошо Велков Пепето, ОУ Димката Ангелов Габерот – с. Ваташа и 2 ученици од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов”.
Од нашето училиште учествуваа учениците:
- Божидар Давидовски од II-5 со освоена диплома за II награда со ментор проф. Даница Пецова
- Софија Ѓорчева од I-3 со освоен сертификат за успешно учество со ментор проф. Магдалена Убавкова
И двајцата ученици обезбедија пласман на регионален натпревар. Честитки за постигнатите резултати на сите натпреварувачи и им посакуваме успеси и на следните натпревари!