Учениците од драмската секција на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, под менторство на проф. Васка Петкова, заедно со училишниот оркестар под водство на проф. Драган Вељковиќ, зедоа учество на свечената седница по повод 80-годишниот јубилеј на библиотеката „Феткин“ – осум децении светлина на зборот.
Тие ја интерпретираа поемата „Дениција“ од Петре М. Андреевски и музичката нумера „Пиратите од Карибите“, за што добија силен и искрен аплауз од присутните. Нивниот настап беше достојно претставување на талентот и посветеноста на нашите ученици, кои се гордост на целото училиште.








