Одбележани 21-ви и 22-ри Март

По повод 21 Март – Денот на екологијата и 22 Март – Светскиот ден на водата, нашите ученици подготвија две впечатливи изложбени паноа кои беа поставени во холот на училиштето. Учениците со голем ентузијазам ги одбележаа двата важни датуми – Денот на екологијата и Светскиот ден на водата. Преку спој на уметноста и еколошката свест, холот на училиштето доби нов, колоритен изглед со двете изложбени паноа изработени од нашите вредни ученици.

Првото пано на тема: „21 Март Ден на екологијата“ има едукативен карактер и е посветено на раѓањето на новиот живот и убавината на пролетта. Со многу бои, цртежи, постер, пораки и инспиративни цитати, учениците ја пренесоа пораката дека пролетта не е само годишно време, туку и симбол за нов почеток и грижа за нашето опкружување. Ученици кои го изработија ова пано се: Матеја Кузева, Зорана Недева, Љубица Пончева, Андреа Богева и Елеонора Сеизова сите од  II-5 клас.

Второто пано на тема: „22 Март Светски ден на водата“ исто така, има едукативно значење и е посветено на заштитата на најскапоцениот ресурс – водата. Преку јасни и силни пораки, постер и цртеж за рационално користење и заштита на водните ресурси, учениците нè потсетија дека секоја капка е важна, а одговорноста за иднината на планетата е во наши раце. Ученици кои го изработија ова пано се: Панче Стојанов, Тијана Конева, Татјана Сотирова, Теодора Стојаноска, Стефанија Несторовска и Горан Коцев сите од II-5 клас.

Постер за Денот на екологијата изработија Кристина Петровска и Андреа Костадинова од II-2 клас, постер за Светскиот ден на водата изработија Борис Јаневски и Лазар Грозданов од II-2 клас, флаер за 21 Март изработија Благица Тасева и Виолета Димитриева од II-1 клас, флаер за светскиот ден на водата изработи Ружица Стефанова од II-3 клас и флаер за 22 Март изработија Кирил Танчев и Томе Толев од II-1 клас.

Оваа активност не е само израз на талентот на нашите ученици, туку и потврда за нивната посветеност кон зачувување на животната средина. Со оваа креативност се градат совесни и одговорни личности и се подига свеста за глобалните прашања кои нè засегаат сите. Учениците работеа под менторство на Богде Коцева – наставник по биологија и Јасминка Ризова, стручен соработник – педагог.

Благодарност до сите ученици кои учествуваа во креирањето на овие прекрасни паноа!