ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА

На 15.3.2025 година, во просториите на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци, се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за средни училишта, на кој учествуваа и нашите ученички:

  • од втора година: Матеа Дамова со освоена трета награда и Викторија Живковиќ со освоена трета награда, ментор Александра Кароловска,
  • од трета година: Надица Ангелова со освоена втора награда и Дора Арсовска со освоена трета награда, ментор Христинка Косовска.

Им честитаме на учениците и на менторите за постигнатиот успех и се надеваме на уште поголеми успеси во иднина.