Одржан дванесетиот Општински натпревар по Биологија

На 24.01.2025 година во просториите на СОУ Гимназија „ Добри Даскалов“ по дванаесетти пат се одржа Општинскиот натпревар по биологија. Натпреварот беше организиран од Македонското биолошко друштво, а се реализира on line во просториите (кабинет по информатика) на нашето училиште.

На натпреварот учествуваа 27 ученици од I, II и III година, под менторство на проф. Богде Коцева и проф. Елизабета Иговска.


И оваа година нашите ученици покажаа дека сме меѓу најдобрите во регионот и пошироко. Резултатите кои ги постигнаа говорат за нивниот труд, работа, интерес и амбиција за пошироки знаења. На сите ученици им честитаме на постигнатите резултати и пласманот за на Регионален натпревар и им се заблагодаруваме за нивното учество.

Во табелата се прикажани постигнувањата на учениците и нивниот понатамошен
пласман.