Одржан Регионалниот натпревар по Биологија

На 14.03.2025 година во просториите на нашата Гимназија  се одржа Регионалниот натпревар по биологија. Натпреварот се реализира on line во просториите (кабинет по информатика) на нашето училиште. 

На натпреварот учествуваа 23 ученици од I, II и III година, под менторство на наставниците по биологија Богде Коцева и Елизабета Иговска.

Оваа година на Општинскиот и Регионалниот натпревар за прв пат беа воведени нови критериуми од страна на Комисијата за натпревари при Македонското биолошко друштво. Имено,  скратено е времетраењето за одговарање од 40 на 35 минути за 50 прашања. Но, и покрај тоа учениците постигнаа одлични резултати и поголемиот број од нив се пласираа за Државниот натпревар кој ќе се одржи на 10.05.2025 година во Скопје на ПМФ.

На сите ученици им честитаме за учеството и постигнатите резултати, а на оние ученици кои се пласираа понатаму им посакуваме многу успех и среќа.

Во табелата се прикажани постигнувањата на учениците и нивниот понатамошен пласман.