Освоени награди на натпреварот ,,Ноември – месец на науката”

На 29.11.2025 година на Природно – математичкиот факултет  во Скопје на  Институтот за хемија се одржа настанот ,,Ноември – месец на науката” за учениците од средните училишта. На овој натпревар во експерименти и демонстрации, учествуваа  ученици од нашата гимназија и постигнаа одлични резултати:

  1. Божидар Давидовски од III-5, освоена прва награда од хемија со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
  2. Тамара Златева и Кристина Биковска од III-5, освоена втора награда од хемија со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
  3. Лилјана Лазова од III-3, освоена втора награда од математика со ментор проф. по математика Нада Лазова.
  4. Благица Младеновиќ од III-5, освоена трета награда од хемија со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
  5. Евгенија Стаменова и Ангела Ѓерѓева од III-5, освоена трета награда од биологија со ментор проф. по биологија Богде Коцева.
  6. Зорана Недева и Матеја Кузева од II-5, освоена трета награда од биологија со ментор проф. по биологија Богде Коцева.

Настанот беше збогатен со со различни активности: научно – популарни предавања, презентации, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и др.

Постигнатите резултати претставуваат силна мотивација за сите ученици и наставници кои секојдневно се стремат кон знаење. Честитки за освоените награди и благодарност за достоинственото претставување.