Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци на ден 13.11.2025 година присуствуваа на панел-дискусија организирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци, која се одржа во Градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци.
Настанот беше посветен на одбележувањето на Ноември – месецот на борба против болестите на зависност, со акцент на превенцијата од наркоманија, алкохолизам и пушење.
На панел-дискусијата учествуваа стручни лица од Министерството за внатрешни работи, ЈЗУ Општа болница Кавадарци и Центарот за социјална работа Кавадарци, кои говореа за последиците од употребата на психоактивни супстанции, алкохол и тутун, како и за мерките што се преземаат за нивна превенција.
Учениците активно ја следеа дискусијата и поставуваа прашања, при што беше нагласена важноста на едукацијата, здравите животни навики и донесувањето правилни одлуки. Настанот остави позитивен впечаток и придонесе за зголемување на свеста кај младите за опасностите што ги носат зависностите.

