На 27.11.2025, во организација на Агенцијата за иновации-ИНОВА, во нашето училиште беше одржана презентација односно практична обука на тема посветена на развојот на претприемачките вештини кај младите. Настанот беше свечено отворен од директорката на ИНОВА, Даниела Димовска која ја нагласи важноста од поддршката на малдите во креирање на бизнис идеи.
Главен предавач беше проф. Д-р Ристе Темјановски од Економски факултет – Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Тој на учениците им претстави практични насоки за подготовка на бизнис план и ги охрабри да размислуваат иновативно и претприемачки.
Учениците од четврта година активно учествуваа во обуката и имаа можност да ги презентираат своите сопствени бизнис планови, покажувајќи креативност, одговорност и подготвеност за тимска работа. Нивната посветеност беше високо пофалена од присутните.
По завршувањето на активностите, сите учесници се стекнаа со сертификат за успешно учество, како потврда за нивниот труд и стекантите знаења во областа на претприемништвото.



