ПОВИК за учество на  ликовна изложба 

Ученичкиот совет при СОУ Гимназија„ Добри Даскалов“ Кавадарци објавува ПОВИК за учество на  ликовна изложба Добри Даскалов и неговото време

По повод патрониот празник на училиштето,  Ученичкиот совет при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци ќе реализира ликовна изложба со наслов  „Добри Даскалов и неговото време“.

Право на учество имаат сите ученици во училиштето.

Учениците можат да учествуваат со повеќе  од едно ликовно дело.

Учениците потребно е своето учество да го пријават кај претседателот на Ученичкиот совет Гордана Клинчарова или  заменик претседателот Александра Тодоровска најдоцна до 14.11.2025 година.

Ликовните творби потребно е да бидат предадени најдоцна до 28.11.2025 година.

Дата: 10.11.2025 година                                                                                                  

Ученички совет