Регионалниот натпревар по географија се одржа на ден 07.03.2025 година во 10.30 часот во просториите на СОУ Гимназија “Добри Даскалов”.
Ученикот Шатков Трајче (I – 4 клас) освои I место а ученикот Јаќимовски Давид (1-5 клас) освои II место под менторство на професорката Валентина Димитрова.
Двајцата ученици продолжуваат на Државен натпревар каде ќе имаат можност да ги покажат своите солидни знаења од областа на географијата и да се натпреваруваат со ученици од сите средни училишта од нашата држава.
Им посакуваме среќа и успех на натпреварот!