На 7 март 2025 година (петок) се одржа Државниот натпревар по математика за средно образование, кој се реализираше во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Нашето училиште гордо го претставуваа учениците Софија Ѓорчева, Стефанија Честојнов и Јордан Бошев, сите од прва година, под менторство на Васка Трендафилова.
Учеството на ваков престижен натпревар само по себе е голем успех, но особено сме горди што Софија Ѓорчева освои втора награда и се пласира на Македонската математичка олимпијада!
Им честитаме на сите ученици за постигнатиот успех, а на Софија ѝ посакуваме многу среќа и уште поголеми успеси во иднина!


