На 23.02.2026 година во просториите на EU HOUSE во Скопје се одржа завршниот (државен) натпревар на друштвената игра „Спинокио“ што е дел од проектот „Зајакнување на медиумската писменост кај младите“, организирано од страна на Фондацијата за едукација „ИДЕЈА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ и „ВИДИ ВАКА“. Оваа година за разлика од предходните учествуваа 12 училишта од државата и бројот на учесници беше значително поголем. Тоа покажува дека интересот кај младите за едукација за медиумската писменост се зголемува. Нашите ученици покажаа солидни резултати на овој натпревар стигнувајќи до полуфинале.
Ученици кои учествуваа во натпреварот се: Ива Павловска IV-5, Мила Јовановска IV-5, Александра Лазова IV-5, Милица Коцева IV-4, Андреа Грозданова II-5, Борис Трајковски II-3 и Харалд Димитриевски II-1, под менторство на професор Богде Коцева.
Им Благодариме на учениците учеството и постигнатите резултати.







