Дабар е меѓународен предизвик – натпревар, наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Натпреварот “Дабар 2025” се одржа од 10-14 ноември 2025 и истиот се организира во повеќе држави како еден од најпопуларните натпревари во светот.
Нашето училиште зема учество и се вклучи во реализирање на Дабар 2025. Вкупниот број на учесници во нашата земја изнесува 18330 учесници oд 162 училишта Од нашето училиште учество земаа 303 ученици. Сите учесници (ментори, ученици) добија сертификати за успешното учество.
Натпреварот се организираше во основните и средните училишта во Македонија, за време на часовите по информатика (или по некој друг предмет, доколку учениците немаат часови по информатика). Натпреварот се одвиваше преку компјутер, кој е поврзан на Интернет врска со пристап до сајтот http://talent.mk.
На веб-сајтот на Дабар 2025 објавена е и листа на училишта, како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.
Инаку, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”. Со цел да ја промовира оваа активност и во нашата држава, Здружението на Информатичари на Македонија овозможи и нашите ученици да можат да се вклучат на овој глобален настан, за што добија и поддршка од голем број на основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, се постигна целта, заедно да можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесиме за нивниот развој како и развојот на нашата држава.


