УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На ден 25.03.2025 година во организација на Црвен крст Општинска организација Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина Скопје, во просториите на СОУ Гимназија „ Добри Даскалов“ Кавадарци се спроведе доброволна крводарителска акција.

Акцијата беше успешно спроведена, со голем одsив од страна на учениците, професорите и хумани граѓани кои сите заедно придонесоа да се зголемат резервите на течноста која значи живот.


Голема благодарност до сите учесници, медицинскиот тим, волонтерите и поддржувачите кои помогнаа во реализацијата на оваа акција.


СОУ Гимназија „ Добри Даскалов“ ќе продолжи со вакви активности, со цел да придонесиме за спасување животи и подобрување на здравјето на заедницата.