УСПЕШНО УЧЕСТВО НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

На 14.03.2025 година (петок), во просториите на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, се одржа регионалниот натпревар по германски јазик за средни училишта, на кој учествуваа и нашите ученици од прва до четврта година.


-Ученикот од прва година Трајче Талев ја освои втората награда. Ученичките од трета година Јана Димкова ја освои втората награда, а ученичката Гордана Клинчарова ја освои третата награда. Учениците Блаже Крстев, Фросина Димитрова, Габриела Бошкоска и Михаела Атанасова се здобија со Пофалници. Учениците се натпреваруваа под менторство на професорките Васка Таневска и Анастазија Костова.


На учениците им честитаме за постигнатиот успех, им благодариме за нивната посветеност и ентузијазам во изучувањето на германскиот јазик и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!