Успеси на гимназијалците на XXXVI Државен натпревар по информатика

На 22 март 2025 год. се одржа XXXVI Државен натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Истиот се реализира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во Скопје.

Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.

И оваа година учениците во гимназијата покажаа огромен интерес за учество во натпреварите за програмирање. Според успесите од училишниот и регионалниот натпревар, на Државен натпревар беа поканети учениците Филип Милков од I-4 клас кој освои II награда, под менторство на проф. по информатика Наталија Камчева и ученикот Александар Бадев од II-4 клас имаше успешно учество, под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова.