Втора награда на 41 меѓународен фестивал на уметноста “Утрина ѕвезда”

Во периодот од 27 ноември до 01 декември во Банско, Бугарија се одржа 41 меѓународен фестивал „Утрина ѕвезда”. Учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” под менторство на професорите Васка Петкова и Драган Вељковиќ се натпреваруваа со театарската претстава „Евгениј Онегин” и го освоија второто место на фестивалот. Не постојат зборови кога душата е полна со емоции,кога солзи радосници надоаѓаат од емотивната изведба, кога жири комисијата на нозе со громогласен аплауз ја поздрави маестрална изведба на учениците кои со својата професионалност испишаа уште една гимназијалска успешна приказна. Покажаа што значи единство, другарство и мотивираност. Младите гимназијалци секоја сцена ја доведоа до совршенство и создадоа настап за паметење. Уште долго ќе се зборува за емотивната изведба, а публиката ќе ги памети играта, сцените, зборовите, но најмногу чистата емоција која им ја подарија.