Зборот што менува светови – моќта на зборот во рацете на младите

На 05.11.2025 година, во кино-салата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, се одржа ораторска вечер која традиционално се организира веќе осма година по ред, под менторство на професорките Душанка Иванова и Васка Петкова.

Настанот беше вистинска вечер за паметење, исполнета со храброст, достоинство, убави зборови и соништа. Младите средношколци, со своите говорнички вештини, на еден уметнички начин допреа до срцата на присутните.

Тие говореа за моќта и убавината на зборот, за неговата сила да инспирира, поттикнува и да менува општества. Преку лични приказни, општествени теми и инспиративни мисли, младите оратори покажаа дека зборот навистина има моќ да обединува и создава поубав свет.

Настанот заврши во духот на младешкиот ентузијазам и со верба дека гласот на младоста е токму тој што ќе донесе позитивни промени во нашето општество.

Оратори:Васил Трајков, Мила Стојанова, Елена Илова, Цветанка Ристовска, Анамариа Димова, Ивана Секуловска, Јован Илов, Марија Шалевска, Јана Трајкова, Лара Росоманска, Лилјана Лазова, Сара Митрева, Ана Коцева, Дијана Мишова и Доменика Митевска. Програмата ја водеа Петар Петков и Илина Костова.