Во рамките на програмата за работа на активот од природно-математичкото подрачје во учебната 2014/2015 година е предвидено одбележување на јубилеи, годишнини од значајни откритија во науката и техниката.
Таков еден јубилеј е 110 години од теоријата на релативноста. Теоријата на релативноста отсекогаш била „актуелна“, „интересна“ ,„разбирлива“, од денот на нејзиното преставување во чудесната 1905 година па до денешен ден. Многу сегашни научни откритија се резултат и потврда на исправноста на теоријата на релативноста.
Активот од природно-математичкото подрачје скромно го одбележа овој јубилеј со изготвување на мала презентација која ја изработија учениците заедно со наставниците по физика.
Целта на презентацијата е да се активира креативноста на учениците, но пред се, мотивирање на учениците во учењето за постигање подобри резултати во учењето преку запознавањето со ликот и делото на Алберт Ајнштајн.