16 ноември – Меѓународен ден на толеранцијата
Објавено на: 22.11.2018
По повод 16 Ноември – Меѓународниот ден на толеранцијата, во периодот од 15.11 до 20.11.2018 година во нашето училиште се реализираа повеќе активности. Беше изработен постер-плакат со пораки за негување и практикување на толеранцијата, а се реализираа и едукативни работилници за превенција од врсничко насилство од страна на психологот на училиштето Душанка Иванова. Под менторство на психологот ученичките Бранкица Несторовска и Елена Павлова од 3-7 клас изготвија одличен флаер „Не, на врсничкото насилство“ и истиот им беше поделен на учениците. Го респектираме датумот, но на оваа и на слични теми за ментално силни млади ќе продолжиме да организираме активности во текот на целата наставна година.