Свечено доделување на дипломи на матурантите од генерацијата 2009/2013


Објавено на: 14.08.2013

На 13.08.2013 година во Домот на културата Иван Мазов-Климе, свечено беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2009/2013.

IMG 1551

 

На почетокот на свеченоста, матурантите ги поздрави директорката на гимназијата Невенка Поп–Ангелова, која меѓу другото им посочи: Да го изберат вистинскиот пат, да чекорат цврсто, сигурно, постојано да се надградуваат и подготвено да им приоѓаат на животните предизвици. Да бидат успешни во својата професија и да бидат пример и гордост за Гимназијата и градот Кавадарци.

IMG 1563

Директорката ги награди и учениците кои го афирмирааа училиштето освојувајќи државни и меѓународни награди: Љупче Петров, Рајне Илиевска и Благица Ѓорѓиева.

IMG 1538

Беа наградени и ученици со континуиран одличен успех и најмал број на изостаноци во четиригодишното образование: Андријана Тасева, Ирена Трајкова, Енеса Алимова, Даниела Клинчарова и Александра Филипова.

Со посебно признание се здоби и класот IV-4 и класниот раководител Драган Вељковиќ, за највисок успех и најмал број на изостаноци.

По завршувањето на свеченоста пред Собранието на град Каваадарци беше направена заедничка фотографија на матурантите од генерацијата 2009/2013.

IMG 1587