Образовно рандеву 2010


Објавено на: 07.11.2010

На 30 и 31 октомври, во Прилеп се одржа „Образовно ранедеву 2010“ во организација на МАССУМ (Младинска организација на средни стручни училишта на Македонија) со поддршка  на УСАИД, Министерството  за образование и наука и Бизнис партнери.

Образовното рандеву е значаен средношколски  настан во  нашата држава,  на кој голем  број  ученици се натпреваруваат во најразлични категории поврзани со нивниот кариерен развој: интервју за работа, јавен говор, маркетинг план, постер на училиште, видео реклама  итн.

 

ObrazovnoRandevu2010_1   ObrazovnoRandevu2010_2

Наши ученици редовно учествуваат на овој натпревар, кој традиционално се одржува секоја година, а  за првпат беше организирн 2006 година, во Скопје.

На  Образовното рандеву 2010, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се пријави да се натпреварува во три категори: јавен говор со ученичката Росана Кочова, интервју за работа со Маја Трајкова. Исто така групно се натпреваруваа учениците: Марина Стојанова, Васко Ѓорѓиев, Маја Кирова и Татјана Негрева, под  менторство на проф. Лоска Давчева за најдобар постер на училиште.

На натпреварот  во  јавнo говорењe ученичката Росана Кочова под менторство на проф. Љубица Станоевска, освои  II место, а на натпреварот интервју за работа,   ученичката Маја  Трајкова, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова освои III место.

           ObrazovnoRandevu2010_3   ObrazovnoRandevu2010_4

Учениците и менторите се вратија задоволни од настапите и од постигнатите  резултати со многу повеќе искуства и нови пријателства. Веруваме дека и во иднина со полно ентузијазам ќе успеваат да освојат уште многу награди и признанија во повеќе  категории на Образовното рандеву.