Коштана – дел од карневалот на кавадаречкиот гроздобер 2012

Јунаците од популарната претстава „Коштана“ подготвена од учениците на гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци кои неколку пати ја наполнија салата во Домот на културата продефилираа и на карневалот на Тиквешкиот гроздобер. После многуте успешни настапи во соседните земји освоените прво и второ место на меѓународни фестивали, актерите беа повеќе од задоволни што беа дел од ова дефиле и што беа меѓу своите сограѓани кои им дадоа најголема поддршка.