Учество на традиционалната манифестација ,,НЕ на наркотиците’’ во Сандански, Р.Бугарија – 2012 година


Објавено на: 05.10.2012

Нашето училиште, Гимназија ,,Добри Даскалов“ по 5 пат зема учество на традиционалната манифестација ,,НЕ на наркотиците’’ во Сандански, Р.Бугарија во периодот од 28.09-30.09.2012 година.

GEDC3247

Оваа година манифестацијата ,,НЕ на наркотиците“ имаше 3 вида на натпреварување и тоа: трчање-крос, возење на велосипеди и цртање.

GEDC3253

Под менторство на професорот Блаже Велков, нашата Гиманзија се претстави со тројца ученици: Ѓорѓи Шемов и Јанаки Златев од II година и Неда Волчева од IV година. Во трчање на крос-трка учество земаа Неда Волчева која го освои првото место во женска категорија и Ѓорѓи Шемов со учество. Во цртање учествуваа Ѓорѓи Шемов и Јанаки Златев чии цртежи беа истакнати и истите ги добија како награда за училиштето. Професорот Блаже Велков зема учество во возењето на велосипеди.

GEDC3265

Учениците се задоволни од самата манифестација и покрај натпреварите и дружбата со други ученици видоа прекрасни места, како градот Сандански, етно-градот Мелник, Роженскиот Манастир, гробот на Јане Сандански и прекрасниот храм на Баба Ванѓа.

GEDC3286

Сите се горди на постигнатите успеси и им беше задоволство да се натпреваруваат за Гимназијата во прекранса манифестација против наркотиците. Се надеваме дека и во наредните години ќе бидеме повторно учесници и нормално ќе се вратиме со прекрасни резултати и незаборавни моменти.

GEDC3298

GEDC3305