Регионален натпревар – Наноматеријали 2014

На 21.02.2014 година во нашето училиште се одржа Регионалниот натпревар Наноматеријали – материјали на иднината.

Натпреварот беше во организација на Технолошко-Металуршкиот факултет од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, а под покровителство на Министерот за образование и наука на Р.Македонија.

На натпреварот учество зедоа 40 тимови од Кавадарци, Неготино, Велес и Гевгелија. На почетокот Деканот на факултетот одржа пригоден говор и на сите учесници им посака многу успех во презентирањето. Комисијата за оценување беше составена од 5 професори од истиот факултет.

Плакат за наноматеријали

 

 

Nanomatrijali

Од гимназијата учествуваа и се натпреваруваа 6 тима, и тоа:

  • Митров Горан и Клинчаров Душко ученици од трета година со тема: „Јаглеродни нанотуби“ под менторство на проф. по физика Кристина Крстева,

  • Попов Стефан ученик од трета година со тема: „Паметни материјали-Нитинол“ под менторство на проф. по физика Кристина Крстева,

  • Крстева Верица и Атанасовска Надица ученички од трета година со тема: „Фулерени“ под менторство на проф. по физика Кристина Крстева,

  • Костадинова Пепита и Стевиќ Тамара ученички од трета година со тема: „Биоматеријали“ под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска,

  • Димов Благој и Панова Ѓурѓица ученици од прва година со тема: „Рециклирачки материјали“ под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска и

  • Гечева Христина и Мукаетов Благој ученици од прва година со тема: „Наноматеријали“ под менторство на проф. по хемија Даница Пецова.

Ученикот Попов Стефан од трета година го освои третото место на регионалниот натпревар, а со тоа доби право и да учествува на Републичкиот натпревар.

На ученикот и на менторот им посакуваме успех на претстојниот Републички натпревар и обезбедување висок пласман.