IMG 0358

Учество на „Образовно рандеву 2014“ во Крушево

На 02 и 03 мај во СОУ „Наум Наумовски – Борче – Крушево, се одржа „Образовно ранедеву 2014“ во организација на МАССУМ (Младинска организација на средните стручни училишта на Македонија) со поддршка на УСАИД, Министерството за образование и наука и Бизнис партнери.

IMG 0358


Манифестацијата „Образовно рандеву е значаен средношколски настан во нашата држава, на кој голем  број ученици се натпреваруваат во најразлични категории поврзани со нивниот кариерен развој и стекнувањето вештини од повеќе области: интервју за работа, јавен говор, маркетинг план, видео реклама, веб страна на училиште, модна ревија, пинг-понг, фотографија, филм, поетска творба, баскет итн. На ова манифестација се проверуваат знаења, умеења, вештини и способности кои не секогаш се стекнуваат директно од наставната програма и преку наставниот процес, туку се стекнуваат низ интеракција со другите и активност, а кои ќе им требаат во иднина за учество на пазарот на трудот – при вработувањето.

DSC05993

Наши ученици редовно учествуваат на овој натпревар, кој традиционално се одржува секоја година, а за првпат беше организиран во 2006 година, во Скопје.

IMG 0372

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се пријави да се натпреварува во следните категори: јавен говор со ученикот Митко Јаначков под менторство на проф. Љубица Станоевска, интервју за работа со Симона Станоева под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова, најдобар маркетинг план со учениците: Сашко Јосифов, Симона Станоева, Маргарета Минова и Петранка Коцева под менторство на проф. Лоска Давчева, најдобра видео реклама со тим на ученици: Дајана Димова, Александар Маринковиќ, Петар Милков и Надица Наумовска, под менторство на проф. Благородна Лазова, најдобар филм со учениците: Ѓорѓи Белевски, Митко Ѓорѓиевски, Ангела Чапова и Стојан Николов, под менторство на проф. Зоран Милевски, најдобра веб страна со учениците: Митко Јаначков, Моника Здравковска, Валерија Јованова и Душко Петровски, под менторство на проф. Благородна Лазова, најдобра модна ревија со учениците: Николина Димова, Александра Илкова, Владанка Недева и Цветанка Стојанова, под менторство на проф. Јасминка Ризова и проф. Богде Коцева, најдобра поетска творба со учениците: Валерија Јованова и Моника Здравкова, под менторство на проф. Васка Петкова, најдобра фотографија под менторство на проф. Лоска Давчева, најдобар/ра пингпонгар/ка со учениците: Марија Јованова и Страшо Дуков, под менторство на проф. Блаже Велков, и најдобра екипа во баскет со учениците: Ѓоке Белевски, Ласко Станоев, Љубица Стојчева и Сара Иванова, под менторство на проф. Блаже Велков.

P5140012