Дабар е меѓународен предизвик – натпревар, наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Натпреварот “Дабар 2015” се одржа од 23-27 ноември 2015 и истиот се организира во повеќе држави како еден од најпопуларните натпревари во светот.
Нашето училиште зема учество и се вклучи во реализирање на Дабар 2015. Вкупниот број на учесници во нашата земја изнесува 19608 учесници, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 203 училишта и 628 наставници.. Од нашето училиште учество земаа 449 ученици. Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) добија сертификати за успешното учество.
Натпреварот се организираше во основните и средните училишта во Македонија, за време на часовите по информатика (или по некој друг предмет, доколку учениците немаат часови по информатика). Натпреварот се одвиваше преку компјутер, кој е поврзан на Интернет врска со пристап до сајтот http://talent.mk.
На веб-сајтот на Дабар 2015 објавена е и листа на најдобрите училишта (според бројот на учесници), како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.
Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”. Со цел да ја промовира оваа активност и во Република Македонија, Здружението на Информатичари на Македонија овозможи и нашите ученици да можат да се вклучат на овој глобален настан, за што добија и поддршка од голем број на основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, се постигна целта, заедно да можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесиме за нивниот развој како и развојот на нашата држава.