Образовна манифестација „Образовно рандеву 2017”


Објавено на: 28.04.2017

„Образовно рандеву” е образовна манифестација со натпреварувачки карактер, организирана од МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училипта), Министерството за образование и наука, и USAID, наменета за учениците од средните стручни училишта во Република Македонија. Секоја година, СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку ЛМО „Млади лидери” при Гимназијата, активно зема учество во оваа манифестација, промовирајќи го училиштето и освојува награди во одделни категории.

Образовната манифестацијата „Образовно рандеву 2017”, се одржа на 21 и 22 април 2017 година во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен” – Скопје. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку економско-правна и трговската струка, учествуваше на „Образовно рандеву 2017” со вкупно 40 ученици и 7 наставници-ментори: Давчева Лоска, Иванова Душанка, Станоевска Љубица, Лазова Благородна, Коцева Богде, Велков Блаже и Клинчаров Блашко, во следните категории: интервју за работа, јавно говорење, маркетинг план, најдобра WEB страна на училиште, најдобар штанд, пинг-понг, баскет, најдобра видео реклама, најдобра фотографија и најдобар филм.

20170421 111844

Учениците се закитија со награди и тоа: во категоријата „Најдобар пинг-понгар”, ученичката Јованова Марија, чиј ментор беше професорот по спорт и спортски активности, Велков Блаже, освои второ место.

Во категоријата „Најдобар штанд”, учениците: Димовска Благица, Цветкова Јована, Минева Ангела, Илова Кристина, Попова Марија, Богева Ана-Марија и Сирмева Марија, под менторство на професорката по економски предмети, Давчева Лоска, освоија трето место за најдобар штанд на училиште.

20170421 110953

Во сите категории, учениците остварија солидни резултати и притоа покажаа самодоверба, креативност, самоиницијативност, лидерски способности, организациски и комуникациски вештини, спортски дух…

20170421 111049

Веќе 11 години, ЛМО при Гимназијата, „Млади лидери“, под менторство на професорката по економски предмети, Давчева Лоска, успешно работи на јакнење на капацитетите на учениците од економско-правна и трговската струка, со профилите економски техничар и правен техничар, нивно подготовување за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Затоа, добро е да се потсетиме на мисијата, визијата и слоганот на ЛМО „Млади лидери” при СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци:

Мисија: „Млади лидери“ е динамична младинска организација која ќе го подобри животот на младите, преку подготовки за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.

Слоган: „Мисли, твори, креирај – води !“

Визија: За да бидеш лидер треба секогаш критички да размислуваш и тоа треба да те води кон творење, создавање на нешто што можеш да го правиш, да умееш да ги изразуваш со твое творење и индивидуалните способности и афинитети, и сето тоа е основа да ги видиш и другите личности во иднината и да допринесеш да ја промениш положбата во која се наоѓаш, а со тоа ќе допринесеш за подобрување на животот на младите. Сето тоа води  кон успех во кариерата на секој поединец.

Прилогот го подготви,

Лоска Давчева, професор по економски предмети

Â