Одбележан „23 Октомври“- Денот на македонската револуционерна борба


Објавено на: 24.10.2012

На иницијатива на Ученичката заедница при Гимназијата за обележување на Денот на револуционерната борба, со целосна поддршка на директорката Невенка Поп-Aнгелова беа организирани натпревари во фудбал меѓу средните училишта од регионот. Натпреварите се одиграа на спортските терени на гимназијата, а првото место го освои екипата на гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци.

Fudbalski-naptrevar-1

 

Втори се пласираа учениците од ЕМУЦ „Киро Спанџов-Брко, трети гимназијалците од „Кирил и Методиј“ – Неготино, а четвртото место го освоија учениците од ЗШУЦ „ Ѓорче Петров “-Кавадарци.

На кавадаречките гимназијалци очигледно им одеше во прилог играта на домашен терен,но и новиот асфалт кој деновиве беше поставен на едно од игралиштата.

Fudbalski-naptrevar-5

На натпреварите присуствуваше и Градоначалникот Александар Панов, кој го исполни ветувањето за асфалтирање на игралиштето, но и вети дека   кошаркарското игралиште кое е во многу лоша состојба ке го асфалтира во најкус можен рок.

Fudbalski-naptrevar-2

Директорката на училиштето,Поп-Ангелова, се заблагодари на Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци за асфалтирањето на игралишто, им се заблагодари на учесниците и посака вакви средби во иднина да се организираат почесто и да се продлабочи соработката на сите полиња.

Fudbalski-naptrevar-3

Директорите на средните училишта кои ги следеа натпреварите се согласија дека ваквите средби треба да бидат почести, дружењата меѓу учениците поинтензивни и ветија дека во периодот кој следува ке организираат натпревари меѓу училиштата во регионот во друг спорт на нивни терен.

Fudbalski-naptrevar-4