25 Октомври – Европски ден на граѓанската правда
Објавено на: 27.10.2010
Обединета Европа некогаш беше сон на Виктор Иго и на филозофите, а сега е реалност кон која се стреми и Р.Македонија.
25 Октомври како европски ден на граѓанската правда, во Европа се слави од 2003 год., а кај нас за првпат, годинава, се одбележа овој ден со отворање на вратите на судовите и другите правосудни институции за граѓаните.
По тој повод, учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци со свои активности се вклучија во потенцирање на занчењето на овој ден за владеење на правото и правната држава. Под менсторство на професорката Пандорка Јосифова, ученици од правната паралелка од 4 година : Раде Гинев, Мартина Ристеска, Билјана Коскарова, Евица Крстева, Ангела Лозановска, Фросина Симонова и Младен Ничиќ, изведоа симулација на судски процес во Основниот суд во Кавадарци, а ученичката Росана Кочова со музичка придружба на гитара од ученикот Борис Димов, преку ораторски говор направи филозофски осврт на правото и правдата.
Учениците од правните паралелки од прва , втора и трета година беа распоредени да присуствуваат на реални судски постапки во Основниот суд .