25 Октомври – Европски ден на граѓанската правда


Објавено на: 02.11.2011

Обединета Европа некогаш беше сон на Виктор Иго и на многу светски докажани филозофи , а сега е реалност кон која се стреми и Р.Македонија . Денот на граѓанската правда во Европа се слави од 2003 год., додека кај нас годинава вторпат се одбележа, со отворање на вратите на судовите и другите правосудни институции за граѓаните.

По тој повод 25 Октомври како европски ден на граѓанската правда во Европа, учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, со свои активности се вклучија во одбележување  на овој ден за владеење на правото и правната држава.

Под менсторство на професорката Пандорка Јосифова, ученици од правната паралелка од трета година: Наташа Ивановска , Кристина Смилевска, Емилија Јанкулова, Донка Колева, Ивана Крстева, Слободанка Атанаскова, Јанко Арангелов, Александар Филипов, Димитар Коцев,Виктор Димов и Љубица Глигорова   изведоа симулација на судски процес во Основниот суд во Кавадарци и преку ораторски говори за појавата на судската реторика, правото како волја за правдата и правото на среќа се претставија пред присутните .

Evropski_den_na_graganska_pravda

Ученици од втора година, од правната паралелка, беа распоредени, да следат судски постапки.