Гимназијата се вклучи во одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда што го организираше Основниот суд „Кавадарци“, во Домот на културата во Кавадарци.
Претседателот на Основниот суд „Кавадарци“, г-дин Зоран Јосифовски се обрати пред присутните, потенцирајќи го значењето на овој Ден за граѓаните, ден кога судовите ги отвораат своите врати за граѓаните.
Особено ја истакна традиционалната соработка со правните паралелки од Гимназијата кои секоја година придонесуваат за одбележување на овој Ден.
Учениците од правната паралелка, четврта година, се претставија со ораторски говори и со симулација на судски процес, под менторство на проф. Пандорка Јосифова.
Како оратори се претставија учениците: Ивона Нанева, Марија Арсовска, Ристенка Касапинова и Симона Станоева.
Во симулацијата на судскиот процес учествуваа учениците: Томе Кузев-судија; Едис Ќесаси-записничар; Сашко Јосифов – адвокат(полномошник на тужителот); Мирјана Јовчевска и Миле Анастасов – полномошници на тужениот; Цветанка Баштованова – тужител; Борис Темов – сведок.
По повод овој Ден, ЕЛСА (европската асоцијација на студенти по право) ја промовираше брошурата „Превенција, наместо казнување“, издадена со помош на УСАИД.