По повод 25-ти октомври, Европскиот ден на граѓанската правда, во Основниот суд во Кавадарци, на ученици од втора и четврта година од правните паралелки, им беше одржано предавање за значењето на овој ден. На учениците им се обрати судијата Лидија Ридова, а потоа се запознаа со работењето на судот и неговите одделенија.
Соработката со Основниот суд ќе продолжи преку практичната настава која учениците од правните паралелки ја изведуваат, присуствувајќи на кривични и граѓански судења.