25-ти Октомври Европски ден на правдата
Објавено на: 26.10.2023
Како и секоја година така и оваа одбележувањето на Европскиот ден на правдата завзема значајно место. Желбата за знаење и практична примена на постигањата учениците од стручно образование – Правен техничар од СОУ Гимназија Добри Даскалов под менторство на проф. Александра Ристова имаа можност да ја покажат и надградат одбележувајќи го 25-ти Октомври Европски ден на правдата во просториите на Основен суд Кавадарци и просториите на СОУ Гимназија Добри Даскалов.
Целта на одбележувањето на овој ден е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Интенцијата за одбележувањето на Европскиот ден на правдата е на граѓаните да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области(семејно право, право на сопственост , наследување , договорно право , авторско право и сл). Учениците работеа на тема детски и човекови права, правда и правичност, како централи кои треба да се почитуваат и негуваат. На крајот од денот научивме дека правдата треба да биде присутна со надеж за зацврстување на сигурноста на граѓаните низ процесот на остварување на правдата.