Театарската група “Коштана” на струмичкиот карневал


Објавено на: 01.03.2012

На 25.02.2012 се одржа традиционалниот Струмички карневал. Оваа година 3000 учесници од различни држави имаа можност да се претстават со оригинални маски, а воедно и да се борат за освојување на главната награда. Како доста значаен и спектакуларен настан карневалското дефиле беше проследено од околу 50 000 гледачи. Спојот на музиката глумата и костимите од претставата “Коштана” беа совршен избор за групна маска која ќе ја претставува гимназијата Добри Даскалов. Актерите од “Коштана” кои имавме можност неколку пати да ги видеме во кавадаречкиот театар со истата енергија и разиграност достојно ја претставија нашата гимназија.

Karneval_Strumica-1

 

Karneval_Strumica-2