Регионален натпревар по хор и оркестар 29.04.2015 година


Објавено на: 07.05.2015

На регионалните натпревари по хор и оркестар учество земаа хорот и оркестарот при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадраци и ги постигнаа следните резултати:

Оркестарот при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци под менторство на професорот Драган Вељковиќ доби прва награда со освоени 100 поени и истиот ќе земе учество на републичкиот натпревар на оркестри кој ќе се одржи на 09 и 10 мај 2015 година во Кавадарци.

Хорот при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци под менторство на професорот Златко Смилевски доби прва награда со освоени 96 поени и истиот ќе земе учество на републичкиот натпревар на хорови кој ќе се одржи на 16 и 17 мај 2015 година во Кавадарци.

{qtube vid:=GJXtfUjTyPU}

{qtube vid:=JhQJwno_ulU}