Одржана 44-та Олимпијада по германски јазик


Објавено на: 25.03.2012

На 10.03.2012 година во просториите на СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп се одржа регионален натпревар по германски јазик за учениците од втора година од средните училишта, во рамките на 44-та Олимпијада за германски јазик.

Право на учество имаа ученици кои посетуваат втора година, кои немаат родител кој е мајчин говорител на германски јазик и немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје повеќе од шест месеци.

Од нашето училиште, пријавувањето го направи професорот по германски јазик Васка Таневска, кој воедно и беше ментор на ученичката Гордана Чејкова, претходно избрана по направениот интерен училиштен натпревар.

На регионалниот натпревар ученичката Гордана Чејкова го освои третото место и се здоби со право на учество на државниот натпревар по германски јазик, кој се одржа во Скопје во просториите на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ на 24.03.2012 година.

И ученичката и менторот се здобија со пофалници и дипломи за учество и успешно менторство во рамките на регионалниот и државниот натпревар за германски јазик.