Одбележан 5 јуни – Ден на животната средина


Објавено на: 10.06.2013

По повод 5 јуни – Ден на животната средина, учениците од Гимназијата поставија дрвена куќичка за птици во училишниот двор.

Куќичката треба да стане дом на некои птици кои живеат на дрвјата во дворот. Акцијата беше поддржана и реализирана од страна на учениците со големо задоволство, а хуманиот чин ги исполни нивните срца со голема љубов и топлина. Ова е нов поттик за следни акции кои ќе ја направат животната средина поубаво место за живеење.

Фотографија1037

Фотографија1033