На 17 мај 2014 година во 10.00 часот во просториите на СГГУС ГС Здравко Цветковски – Скопје, се одржа 50-от Јубилеен Државен натпревар на млади истражувачи од Република Македонија.
Државниот натпревар – Наука на младите опфаќа области од природните науки, но и апликативни дисциплини. Традиционално во мај, средношколците обработуваат теми кои ги презентираат и бранат пред стручна комисија кооја ги оценува и рангира кандидатите.
И оваа година, како и секоја година, по предметот географија, учествуваа ученици од нашето училиште и покажаа солидни резултати. Ученичката Керова Македонка освои III место, од вкупно дванаесет натпреварувачи од Македонија, под менторство на професор Валентина Димитрова. Веднаш после неа е ученичката Ристевска Ивана (ментор Чејков Фердинанд).
Наука на млади нема само натпреварувачки карактер, туку преку неа се освојуваат нови перспективи и видици како надградба на предзнаењето стекнато во училишните клупи. Затоа оваа активност овозможува талентираните ученици да направат синтеза помеѓу теоријата стекната во училиштето и формите и активностите, реализирани со помош на Народна техника на Македонија.
Наградите во животот се потврда за нешто. За постигнат резултат, за остварена цел, за ефективен труд, за вистинскиот избор, за освојување на замисленото, како за ученикот така и за менторот.