Ако дебатата е круна на демократијата денес 24.10.2024 година нашите учениците од СОУ Гимназија “Добри Даскалов” покажаа што е демократија


Објавено на: 24.10.2024

Во Собранието на Република Северна Македонија нашите учениците учествуваа на едукативната активност ,,Имам став” во која ги бранеа своите ставови на одредени теми. Активноста ги стимулира учесниците да развиваат сопствени ставови во врска со актуелни политички теми и истите да ги бранат со аргументи пред останатите учесници, со цел изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и поддржано од мнозинството на учесници. Нашите ученици дебатираа на темите: ,,Иселувањето на младите” ,,Борбата со феноменот на лажни вести (fake news)” и ,,Реформи во образованието” и покажаа демократска зрелост и политичка култура.