Натпревар „Камп на иновации” и освоено 3 (трето) место


Објавено на: 27.11.2024

Во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, од 12 до 13 ноември 2024 година во Велес, се одржа натпреварот „Камп на иновации” на тема: „Девојки во акција: решавање на локални предизвици”.

Овој натпревар ги опфаќаше средните училишта од Вардарски регион, а од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци учество земаа ученичките од IV-6 клас, профил: економски техничар: Благица Трпкоска, Марија Манева, Живкица Стојанова, Александра Костадинова и Кристина Стојанова, под менторство на професорката Лоска Давчева.

Целта на натпреварот беше јакнење на женското претприемништво, а за таа цел ученичките, под менторство на бизнис-волонтери, создадоа иновација во облик на мобилна апликација за здравствена едукација и економска поддршка на жени во рурални средини, „СИЛНА” (советодавна, информативна, либерална, напредна апликација).

Ученичките од нашето училиште освоија 3 (трето) место; добија сертификати и пригодни подароци, а демонстрираа тимски дух, креативност и иновативност.