Предавање од Др. Пењушков на тема „Исхраната како превенција за здравјето на адолесцентите”

Во училиштето на 27.11 2024 год. се одржа едукативно предавање за учениците со тема „Исхраната како превенција за здравјето на адолесцентите” кое го реализира Др. Перо Пењушков – доктор
по интерна медицина во ПЗУ „Медика Пењушкови” Кавадарци. Ова предавање беше иницитирано  од професорките по биологија Е. Иговска и Б. Коцева од гимназијата.

Заинтересираноста на учениците за содржините предизвика дискусии со предавачот во кои учествуваа повеќе ученици, а задоволството беше обострано. Интерес предизвика мислата –
„Некој живее за да јаде, а некој јаде за да живее” секако би доделе – „За добро здравје, храната треба да е лек”.