Прва, втора и трета награда по хемија на ,,Ноември – месец на науката”


На 30.11.2024 година на Природно – математичкиот факултет во Скопје се одржа настанот ,,Ноември – месец на науката” за учениците од средните училишта. На овој натпревар во експерименти, учествуваа ученици од нашата гимназија и постигнаа одлични резултати.

  1. Божидар Давидовски од II-5, освоена прва награда за експериментот ,,Катализатори” со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
  2. Ѓорѓи Пецов од III-4, освоена втора награда за експериментот ,,Домашни сапуни против флеки” со ментор проф. по хемија Магдалена Убавкова.
  3. Љупчо Лалков од IV-5, освоена трета награда за експериментот ,,Фелингова реакција” со ментор проф. по хемија Даница Пецова.

Настанот беше збогатен со со различни активности: научно – популарни предавања, презентации, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и др.
Научниот пат е долг и полн со нови предизвици, но и со многу награди.