Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXII Регионален натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 1 март 2025 год. Натпреварот се одржа на четири локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ Скопје, СОУ„Јане Сандански“ Струмица и ООУ „Кире Гавриловски – Јане“ Прилеп.
Во просториите на Гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваа 40 учесници од Кавадарци, Битола, Неготино, Охрид и Струга.
Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.
На училишниот натпревар по информатика што се одржа на 24.02.2025 год. учествуваа учениците Честојнова Стефанија I-2, Бошев Јордан I-3, Милков Филип I-4, Коцев Горан I-5, Бадев Александар I-5, Василев Кирил III-4, Митров Давид III-4, Поповски Ристе III-4, Ристов Павле III-4 и Клинчаров Орданчо III-4. На регионален натпревар што се одржа на 01.03.2025 год. се пласираа учениците Бошев Јордан I-3, Милков Филип I-4, Бадев Александар I-5, Василев Кирил III-4, Митров Давид III-4, Ристов Павле IV-3 и Клинчаров Орданчо IV-3 под менторство на проф. инфроматика Благородна Лазова и Наталија Камчева
XXXVI државен натпревар по информатика ќе одржи 22-23.3.2025 на ФИНКИ.
Им посакуваме успеси на учениците на натпреварите што следуваат.



