Кариерно советување

На 24.03.2025 година во нашето училиште се одржа втората работилница за Кариерно советување на тема „Мојата кариера – мојот пат до успехот“.
Работилницата е во рамки на Проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“ организирана од Националниот младински совет на Македонија во соработка со Мрежа Стела, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје.


На работилницата учествуваа ученици од прва до четврта година. До крајот на наставната година предвидено е да се одржи уште една работилница за
кариерно советување, а првата сесија се одржа на 17.02.2025 година.

Целта на сите три работилници/сесии е на учениците да им се помогне при кариерното насочување и развојот на кариерата.